По ужасите во Манчестер, Симеоне покажа дека не го интересира мислењето на другите

Диего Симеоне важи за еден од најдобрите тренери во светот, но по она што неговиот Атлетико Мадрид го прикажа во Лигата на шампионите против Манчестер Сити, многумина го прогласуваат за тренер кој негува антифудбал.
Аргентинецот го паркираше автобусот пред својот гол на натпреварот против Сити. Се бранеше со сите сили, но не успеа да се одбрани и „јорганџиите“ го загубија мечот.
Многу стручњаци жестоко го критикуваа Симеоне за начинот на кој игра, а тој денеска многу јасно стави до знаење дека тоа не го интересира.
„Не сакам да размислувам што зборуваат луѓето од страна. Фокусирани сме на игрите што ги имаме и кои ќе бидат тешки и комплицирани“; рече Симеоне и ја продолжи приказната:
„Навистина не ми е гајле што велат другите. Секој има право да има мислење, јас го почитувам, но јас го сакам само најдоброто за Атлетико Мадрид“, јасно изјави Симеоне.



