SportM
Фудбал

Почетино: Јас на чело на Барселона е исто како Меси да игра во Еспањол

Д М2 окт 2018
Почетино: Јас на чело на Барселона е исто како Меси да игра во Еспањол

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино повторно ја искажа својата љубов кон Еспањол, во кој играше како фудбалер (2004-2006 година) и го водеше како тренер (2009-2012 година).

Во второто коло од групната фаза од Лигата на шампионите, „петлите“ ја пречекуваат Барселона. Тотенхем започна со пораз (1:2) од Интер, откако имаше водство до последните минути од натпреварот.

– Мојата приврзаност кон Еспањол отфрла секаква можност да станам тренер на Барселона. Имам вредности. Тоа е исто како Меси да отиде да играво Еспањол. Ме прашале многу, многу пати. Понекогаш зборовите ми се интерпретираат погрешно. Но, сега сакам да стане јасно. Мислам дека е невозможно да ја водам Барселона. Тоа е емоција. Градот Барселона го поврзувам само со Еспањол, изјави Аргентинецот.

Тој потоа го анализираше натпреварот кој е на програма утре од 21,00 часот.

– За многу наши играчи ова ќе биде важен натпревар. Минатата година игравме со Реал. Ќе се обидеме да се забавуваме во овој натпревар – натпревар во кој ќе игра најдобриот играч во светот – Лионел Меси. Фудбалот не е драма. Треба да останeме фокусирани и да се забавуваме против најдобриот играч, рече Почетино за средбата.

За овој дуел Почетино нема да може да смета на Деле Али, Кристијан Ериксен, Јан Вертонген, Серж Орие и Муса Дембеле. Голманот Иго Лорис сепак ќе биде подготвен и ќе застане на голот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.