SportM
Фудбал

Почетино знае десет играчи за Барса, дилемата е една

Д М15 фев 2021
Почетино знае десет играчи за Барса, дилемата е една

Во осминафиналето ќе го следиме судирот на два титани, Барселона и ПСЖ.

Сите се сеќаваме на славниот дуел на овие два тима од 2017 година, кога Каталонците по неверојатен пресврт отидоа понатаму.

Маурисио Почетино нема да може да смета на Нејмар и Ди Марија на првиот натпревар, па затоа е принуден да ротира.

Познато е дека Кејлор Навас се враќа на голот, опоравувајќи се од повредата. Тандемот стопери ќе го сочинуваат Маркинос и Кимпембе, додека Курзава и Флоренци ќе бидат на бековите позиции.

Марко Верати исто така се врати од повреда и ќе игра на средина, а Паредес и Гује му прават друштво.

Мбапе и Икарди ќе играат во нападот, а единствената дилема што ја има аргентинскиот стручњак е дали Сарабија или Кин ќе ги биде заедно со нив во нападот.

Натпреварот помеѓу Барселона и ПСЖ е закажан за утре од 21 часот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.