Connect with us

Фудбал

Почеток на годината од соништата за Јувентус: По Влаховиќ, обезбедено уште едно важно засилување!

Италијанскиот гигант Јувентус се активираше во последните денови од зимскиот преоден рок.

Во најголемиот зимски трансфер во 2022 година, Јувентус потпиша со Душан Влаховиќ, кој за 75 милиони евра пристигна од Фиорентина и веќе е официјално претставен.

Овој одличен напаѓач без сомнение ќе му биде од голема помош на Јувентус во наредниот период, а во средниот ред пристигна и второто засилување. Станува збор за Денис Закарија кој доаѓа од Борусија Менхенгладбах.

Договорот е договорен до летото 2026 година. Фудбалерот во текот на денот ќе пристигне во Торино во друштво на својот агент за да направи лекарски преглед и да потпише договор, а пристигнува за сума од само пет милиони евра бидејќи договорот му завршил на крајот од сезоната.

Се очекува Јуве да ја ангажира и Натијана од Каљари до крајот на преодниот рок. Од клубот си заминуваат Дејан Кулушевски и Родриго Бентанкур, кои кариерата ќе ја продолжат во Тотенхем.

Со оглед на промените оваа зима, се очекува многу подобро издание на Јувентус во вториот дел од сезоната бидејќи тимот моментално е надвор од Топ 4 во Серија А, а како главна цел сега се наметнува пласманот во Лигата на шампионите. Сè друго ќе биде само дополнителен бонус.

Закарија е швајцарски репрезентативец, а во Бундеслигата дојде летото 2017 година од Јанг Бојс, додека претходно настапуваше за Сервет каде што израсна.

За Германците оваа сезона одигра 16 натпревари и постигна два гола со една асистенција. Интересно е што неговата пазарна вредност се проценува на околу 27 милиони евра, но Јуве ја доби „за ситна сума“ бидејќи има уште неколку месеци до крајот на договорот со Борусија.