Покетино пред Реал: Ова може да биде финале

Тренерот на Пари Сен Жермен, Маурисио Покетино вели дека дуелот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид лесно може да се третира како финале пред финалето.
„Светците“ и Кралскиот клуб се среќаваат во првата нокаут рунда. Еден од фаворитите ќе мора да го заврши натпреварувањето на тој чекор.
„Овој пар може да биде и во финалето на Лигата на шампионите. ПСЖ го сака трофејот повеќе од 50 години, па ние сме предизвикувачите. Реал Мадрид е тој кој има навика да ја освојува Лигата на шампионите“, истакнува Покетино.
Аргентинецот има голема почит кон најтрофејниот европски клуб.
„Мислам дека двата тима имаат ист притисок. Го почитуваме Реал како еден од најголемите клубови во светот. Тоа е клуб кој зборува за себе во Лигата на шампионите, без разлика какви играчи има или кој е тренер. Големината на Реал Мадрид е добро позната“, вели Покетино.
Првиот дуел се игра во вторник од 21 часот. Реваншот е закажан за 9 март на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.



