Почина легендарниот тренер Душко Вујошевиќ!
E R8 апр 2026

На 67-годишна возраст денес во Белград почина кошаркарски тренер, Душко Вујошевиќ.
Вујошевиќ имаше здравствени проблеми, минатата година беше подложен на трансплантација на бубрег во Белорусија.
Пред еден месец му се влоши здравствената состојба и беше хоспитализиран во Белград.
Во тренерската кариера Вујошевиќ се истакна предводејќи го Партизан, со кого освои многу трофеи.
Работеше и како тренер на ОКК Белград, Младост Земун, Оксимеша, Црвена звезда, Бреша, Пистоја, Пезаро, Раднички Белград, ЦСКА Москва, Лимож и Клуж.
Селектор беше на репрезентациите на Србија, Црна Гора и на Босна и Херцеговина
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



