SportM
Фудбал

Почина поранешен фудбалер на Рома на 21-годишна возраст

Д М25 мај 2020
Почина поранешен фудбалер на Рома на 21-годишна возраст

Нова трагедија во светот на фудбалот. Почина Јосеп Боуаси Обиогно, поранешен играч од средниот ред на Рома.

Боуаси, требаше да го прослави својот 22 роденден во септември, почина поради срцев удар, јавуваат италијанските медиуми.

Неговата приказна се чини дека е како од бајка. Тој пристигна во Италија како бегалец, и извесно време како бездомник остана на железничката станица во Рим.

Сепак, тој не се откажа и започна да игра фудбал во аматерскиот клуб Либери Нант, кој собира мигранти и политички бегалци.

Рома го зеде во 2015 година, а регистриран е по година и пол подоцна. Така, тој доби можност да тренира со тогашните sвезди како Франческо Тоти, Даниел Де Роси и Един Џеко.

Во сезоната 2017/18, тој беше позајмен во Виченца. По само еден настап, тој се врати во Рома, кој одлучи да го продолжи договорот.

Почетокот на 2020 година му донесе проби во неколку романски клубови, по што се губат сите траги од него. Трагичната вест за неговата смрт пристигна денес.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.