Фудбал
Почнува нокаут фазата во Лигата на шампионите, еве ги паровите!
Со четири натпревари вечерва почнува нокаут фазата за пласман во осминафиналето во фудбалската Лига на шампиони.
Во воведниот натпревар од шеснаесетфиналните пресметки, Галатасарај го пречекува Јувентус во терминот од 18 часот, додека во терминот од 21 часот ќе играат Бенфика – Реал Мадрид, Борусија Дортмунд – Аталанта и Монако – ПСЖ.
В среда на програмата се првите натпревари од дуелите меѓу Карабах – Њукасл, Бодо Глимт – Интер, Клуб Бриж – Атлетико Мадрид и Олимпијакос – Баер Леверкузен.
Директно место во осминафиналето по комплетирањето на лигашката фаза обезбедија Арсенал, Баерн, Минхен, Ливерпул, Тотенхем, Барселона, Челзи, Спортинг и Манчестер Сити.
Парови/вторник
ГАЛАТАСАРАЈ-ЈУВЕНТУС (18:45 Ч)
БЕНФИКА – РЕАЛ МАДРИД (21:00 Ч)
БОРУСИЈА ДОРТМУНД – АТАЛАНТА
МОНАКО – ПСЖ
Парови/среда
КАРАБАХ – ЊУКАСЛ (18:45)
БОДО ГЛИМТ – ИНТЕР (21:00)
КЛУБ БРИЖ – АТЛЕТИКО МАДРИД
ОЛИМПИЈАКОС – БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН