SportM
Фудбал

„Погба може да стане легенда на Манчестер Јунајтед“

Д М16 јан 2020
„Погба може да стане легенда на Манчестер Јунајтед“

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Ли Шарп, го бранеше Пол Погба, велејќи дека Французинот би можел да стане клупска легенда на „Олд Трафорд“.

Трикратниот шампион во Премиерлигата со Манчестер Јунајтед даде изјава за goal.com дека се уште верува дека Погба е играч од врвна класа и дека се уште го нема кажано последниот збор.

„Посакувам клубот да го задржи. Мислам дека може да стане апсолутна легенда на Јунајтед. Тој е од светска класа, иако понекогаш не ги игра сите 90 минути. Ако се создаде тим околу него и се донесе играчи кои би можеле да играат со него, тој би можел да биде вистинска сензација за клубот“, изјави Шарп.

Долго време, медиумите на Островот шпекулираат за заминувањето на Французинот од „Олд Трафорд“, но Шарп верува дека тој не е причина за лошата атмосфера во соблекувалната.

„Прашањето е дали Пол сака да остане во Јунајтед, но мислам дека тој нема лошо влијание врз тимот. Мислам дека другите играчи како него треба да бидат фер и да не прават проблем. Сепак, ако е несреќен и сака да си замине, тогаш не можете да направите ништо“, додаде тој.

Пол Погба оваа сезона не е во добри односи со тренерот на Јунајтед, кој има остварено само седум настапи.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.