Погба не го напушта „Олд Трафорд“ барем до следното лето
Д М6 сеп 2018

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, нема да го напушти клубот во јануари, објавија англиските медиуми.
Веќе подолго време се шпекулира дека Французинот ќе го напушти „Олд Трафорд“.
Како негови следни дестинации се спомнуваат Барселона и Јувентус.
Сепак, таков трансфер во зимскиот преоден рок нема да се случи. Менаџерот Жозе Мурињо демонстрира довербата кон Погба, му ја додели капитенската лента на првите две средби од новата сезона во Премиер лигата и го назначи за изведувач на пеналите.
Ова најверојатно значи дека Погба од Манчестер Јунајтед може да си замине најрано следно лето.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



