Погба повторно среќен: Едвај чекам да започне сезоната

Играчот од средниот ред на француската репрезентација Пол Погба е многу расположен од неговото враќање во тимот на Јувентус – по шест турбулентни години на „Олд Трафорд“ повторно е член на тимот од Торино и не ја крие радоста поради тоа.
Погба вторпат во кариерата се сели од Манчестер Јунајтед во „Старата дама“, а првпат тоа се случи пред десет години.
Тој успешно го носеше црно-белиот дрес од 2012 до 2016 година, по што се врати во редовите на „црвените ѓаволи“ за обештетување од огромни 105 милиони евра. Сепак, неговиот втор период во Јунајтед беше полн со подеми и падови за време на кои беше очигледно дека 29-годишниот играч од средниот ред не игра според своите можности.
Тој летово пристигна во Пиемонт како слободен играч.
„Се вратив и среќен сум што сум тука. Едвај чекам повторно да го облечам дресот на Јувентус“, вели Пол Погба.
Избраниците на Масимилијано Алегри во претходната сезона го завршија првенството на четвртата позиција на табелата со 16 бодови помалку од шампионот Милан.
Messaggio da @paulpogba 🗣 pic.twitter.com/F5TvY9TKrL
— JuventusFC (@juventusfc) July 8, 2022



