Погба пред италијанскиот суд на 18 јануари

Фудбалерот на Јувентус, Пол Погба, кој беше позитивен на тестостерон во август, ќе се појави пред италијанскиот антидопинг суд на 18 јануари, објавија денеска италијанските медиуми.
Оваа информација меѓу другите ја пренесоа Газета дело Спорт и Скај Спорт, додека агенцијата Франс прес не успеа да добие потврда од антидопинг судот.
Антидопинг обвинителите во Италија минатата недела побараа максимална четиригодишна суспензија за Пол Погба.
Четиригодишните суспензии се стандардни според правилата на Светската анти-допинг агенција, но може да се намалат во случаи кога спортистот може да докаже дека допингот бил ненамерен, ако позитивниот тест бил контаминиран или ако им пружат значителна помош на истражителите.
Во септември беше објавено дека Погба бил позитивен на тестостерон. Тој беше тестиран по натпреварот помеѓу Јувентус и Удинезе на 20 август. Французинот не играше на тој натпревар.
Придружбата на Погба тогаш изјави дека играчот бил позитивен бидејќи земал додатоци во исхраната со хормонот што му го препишал неговиот лекар додека бил во САД.
Тестостеронот, хормонот на плодноста и машката сексуалност, го стимулира развојот на мускулите.



