SportM
Фудбал

Погба во Јувентус до 2026 година

Д М11 јул 2022
Погба во Јувентус до 2026 година

Францускиот фудбалер Пол Погба се врати во Јувентус. Италијанскиот клуб објави дека потпишал договор со играчот, кој летово на слободен трансфер го напушти Манчестер јунајтед.

Важноста на договорот што го потпиша Погба се „бјанконерите“ е до 30 јуни 2026 година.

Според прес-службата на Јувентус до 31 август 2022 година клубот ќе треба да плати провизија од 2,5 милиони евра.

Французинот веќе играше за клубот од Торино од 2012 до 2016 година, по што се пресели во Манчестер јунајтед за 100 милиони евра.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.