Покетино бесен, ги обвинува судиите за елиминацијата од Лигата на шампионите

ПСЖ во средата навечер загуби од Реал Мадрид со 3-1 и со вкупни 3-2 се збогува од Лигата на шампионите.
Големо е незадоволството кај парижаните по елиминацијата, но голема вина гледаат кај судиите. Најдискутабилната ситуација се однесува на наводниот прекршок на Бензема над Донарум пред првиот гол на домаќините во 61. минута.
Тренерот на францускиот великан Маурисио Покетино виновникот го гледа во судиите.
„Не е тешко да се објасни што се случи вечерва. Всушност, се е јасно. Кога ќе видите каков гол примивме, што дозволи ВАР како гол, едноставно е неверојатно. Неприфатливо е тоа да не е фаул. Не е некој што често се жали, но ние бевме само подобар тим до тој гол“, изјави Покетино.
Да потсетиме, сопственикот на ПСЖ Насер Ал-Хелаифи со спортскиот директор Леонард по натпреварот упаднаа во соблекувалните на судиите, за да се пресметаат со нив. Ал-Хелаифи малку претера, па УЕФА истражува се и му се заканува суспензија и парична казна за избрзани постапки.
Оправдан гневот на првиот човек на ПСЖ, кој секоја година вложува стотици милиони евра, а трофејот во Лигата на шампионите останува само сон …



