SportM
Фудбал

Покетино бесен, како по 4:4 со Сити – 1:4 со Њукасл?

Д М26 ное 2023
Покетино бесен, како по 4:4 со Сити – 1:4 со Њукасл?

Менаџерот на Челзи, Маурисио Покетино ги критикуваше своите играчи по поразот од Њукасл.

„Сините“ претрпеа убедлив пораз на „Сент Џејмс Парк“ со резултат 4:1, откако во последното коло го одиграа натпреварот на сезоната во реми со Манчестер Сити – 4:4.

“Многу сум лут на ваквиот начин на игра. Мораме да покажеме дека имаме некој карактер и не можеме да играме ваков фудбал. Њукасл играше добро и победуваше премногу лесно. Наша задача беше да им отежнеме на барем игравме меко во секој сегмент, не покажавме дека се грижиме доволно“, изјави Покетино и продолжи:

„Ние треба уште многу да работиме и да научиме, бидејќи имаме млад тим. Имаме квалитет, но мора да научиме да се наметнуваме и да бидеме вистински конкуренти во секој момент. Мораме да покажеме енергија и капацитет за вакво натпреварување . Како да не бевме во игра. Тоа е фрустрирачки. Не покажав никакви емоции во текот на натпреварот, но разочаран сум од играта. Само ние сме виновни“, изјави Покетино .

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.