Покетино избра – Џејмс е новиот капитен!

Десниот бек Рис Џејмс ќе го води тимот на Челзи во новата сезона како капитен, одлучи новиот менаџер Маурисио Покетино.
Џејмс (23) е дете на сините, во овој клуб ја помина целата своја кариера освен сезоната 2018/2019. кога беше на позајмица во Виган, па ова е очекувана одлука.
За Челзи настапи на 98 и постигна седум гола, а во 15 наврати го носеше дресот на репрезентацијата на Англија.
Неверојатен факт е дека Џејмс, Тиаго Силва и Чилвел се единствените стартери од финалето на Лигата на шампионите против Манчестер Сити пред две години, кои и денес се членови на Челзи. Останатите осум повеќе ги нема. Клубот од Лондон го доби тоа финале со 1:0, во меѓувреме многу се променија, па Џејмс ќе биде предводник на сосема нов проект на Стемфорд Бриџ.
„Многу сум среќен што ја преземам одговорноста. Добро знам каква чест е ова и какви капитени имаше овој клуб. Возбуден сум“, изјави Џејмс.
Челзи во првото коло од Премиер лигата го пречекува Ливерпул, а тој натпревар се игра во недела од 17 часот и 30 минути.



