SportM
Фудбал

Покетино не знаел за доаѓањето на Палмер

Д М31 авг 2023
Покетино не знаел за доаѓањето на Палмер

Преодниот рок се затвора, се финализираат последните потези, а еден од нив е трансферот на Кол Палмер од Манчестер Сити во Челзи.

Медиумите пишуваат дека се е договорено за трансфер на млад англиски фудбалер за околу 50 милиони евра. Таа вест не стигна до оној кој прв треба да знае, Маурисио Покетино.

Аргентинецот на прес-конференцијата призна дека не бил информиран за доаѓањето на ново име во неговиот тим.

„Не знам ништо, ниту имам што да кажам за играчи кои не ни припаѓаат нам. Клубот ништо не ми кажа“, изјави Покетино.

Прашањата и размената на информации продолжија, при што Маурицио успеа да остане мирен и со изненаден израз на лицето.

„Не сакам да зборувам за играч кој не е потпишан. Не знам дали ќе треба повеќе или помалку труд за да го донесам пред крајот на преодниот рок“, заклучи Покетино.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.