Покрај Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити покажа интерес за Кејн

Англискиот напаѓач на Тотенхем е на пат да стане мета на најголемите европски клубови, вклучувајќи ги и актуелните англиски шампиони.
Хери Кејн е еден од споменуваните фудбалери во последните неколку недели.
Како што летото се ближи, започнаа шпекулациите за можен трансфер на англискиот напаѓач од Тотенхем.
И последниот клуб што покажа интерес за Англичанецот е Манчестер Сити.
Според медиумот „90 мин“, актуелниот англиски шампион е подготвен да плати 170 милиони евра, онолку колку што „Спарс“ бараат за него.
Во меѓувреме, другиот клуб од Манчестер, Јунајтед покажаа сериозен интерес за Кејн но се уште не се знае колку пари се спремни да дадат.
Исто така и Јувентус покажа интерес.
Кејн реши да ги напушти сегашните шампиони на Лига Европа, откако побара клуб каде може да освои важни трофеи.



