SportM
Фудбал

Пол Погба го промашува отворањето на сезоната?

Д М12 сеп 2020
Пол Погба го промашува отворањето на сезоната?

Денес официјално започнува новата сезона во англиската Премиер лига. Сепак, Манчестер Јунајтед нема да биде на терените викендов бидејќи неговиот натпревар беше одложен поради учеството на „црвените ѓаволи“ во Лигата на Европа и продолжениот крај на минатата сезона.

Манчестер Јунајтед ќе ја отвори својата сезона следниот викенд, 19 септември, кога на „Олд Трафорд“ ќе го пречека Кристал Палас.

Sвездата на Јунајтед, Пол Погба можеби не е подготвен за првиот натпревар оваа сезона.

Имено, Погба доцнеше на подготовките поради закрепнувањето од коронавирусот, па успеа да направи само неколку тренинзи со тимот.

„Се надевам дека Пол ќе биде подготвен за следниот викенд, но не сум 100% сигурен“, изјави тренерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер.

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.