Пол Погба се појави на Олд Трафорд и сите само гледаа во него
Д М12 мар 2022

Пол Погба во последните години често е во центарот на вниманието на Манчестер Јунајтед.
Причина за тоа не беа врвните настапи на францускиот играч за врска, туку неговите различни чудни креации на главата.
Често доаѓаше на натпревари со нови фризури. Претежно имал нацртани одредени работи на косата, но од денеска тоа веќе не е така.

Погба на мечот со Тотенхем излезе целосно ќелав. Решил да отстрани косата и да проба каков е животот без неа.

Пол Погба останува без договор на крајот од оваа сезона. Големи се шансите да го напушти клубот во кој никогаш не успеа да експлодира.
Имаше светли моменти во дресот на „црвените ѓаволи“, но претходните години се удави во сивилото на тимот.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



