Connect with us

Фудбал

Полицијата му го одзеде автомобилот на фудбалерот на Баерн, предизвикал сообраќајка и избегал

Германската полиција ја истражува несреќата во која главен актер бил дефанзивецот на Баерн Минхен, Матијс де Лигт, кој ја предизвика додека го возеше своето скапо Audi Q8 e-tron. Де Лигт удрил во друг автомобил на паркинг со ауди вредно 75.000 евра и побегнал од местото на несреќата, а поради ова сега му се заканува апсење, пишува Билд.

Се се случило во близина на тренинг центарот на Баерн, Сабенер Штрасе во средата наутро, а информацијата дека Де Лигт ја предизвикал несреќата денеска се прошири до германските медиуми. Очевидци повикале полиција за да го пријават инцидентот, а Билд исто така известува дека автомобилот на Де Лигт потоа бил одземен.