Полска е првата репрезентација во Лигата на нации која се сели во понизок ранг
Д М15 окт 2018

Репрезентацијата на Полска се запиша во историјата на новото фудбалско натпреварување на УЕФА, Лигата на нации, како првата земја која се сели од поквалитетна во послаба дивизија.
Полјаците синоќа загубија од Италија на домашен терен и останаа без никакви шанси да го избегнат последното место во групата во која уште е и Португалија. Следната сезона Полска од А се сели во Б дивизија каде се натпреваруваат репрезентации со помал рејтинг.
На досегашните три натпревари во третата група Полска има два пораза и еден нерешен резултат, Италија има по една победа, реми и пораз, додека Португалците е со две победи и максимални шест бода.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



