SportM
Фудбал

Поминаа 17 години од најголемата бура во соблекувалната на Манчестер Јунајтед: „Сите беа шокирани“

Д М25 мај 2020
Поминаа 17 години од најголемата бура во соблекувалната на Манчестер Јунајтед: „Сите беа шокирани“

Понекогаш некој ненамерен потег или случајна грешка може да резултира со многу поголема последица. Тоа му се случи на Манчестер Јунајтед во 2003 година.

Пред 17 години, ерата заврши на „Олд Трафорд“. „Виновник“ за ова е Сер Алекс Фергусон, а Дејвид Бекам ги напушти редовите на „црвените ѓаволи“.

Откако Јунајтед загуби од Арсенал во ФА Купот, легендарниот Шкот во соблекувалната ја шутна копачката и ја скрши аркадата на тогашната голема sвезда и еден од најдобрите играчи.

На таа турбулентна сцена во соблекувалната присуствуваше и Микаел Силвестре, кој на „FourFourTwo“ им даде детали за тоа што се случуваше.

“Бев таму. Сите беа шокирани, но таквите работи се случуваат во соблекувалната. Тоа беше случајен удар. За жал, копачката заврши во лицето на Бекам”.

“Тој беше многу лут. Моравме да интервенираме за да спречиме конфликт. Ова беше крајот на тоа. Тоа влијаеше врз нивната врска и тоа е веројатно главната причина што Дејвид отиде во Реал тоа лето”.

Бекам дојде до крајот на сезоната и по сопствено инсистирање на трансфер вреден 25 милиони фунти, се пресели во Мадрид и стана член на познатата генерација на Галактикос.

Силвестре беше на „Олд Трафорд“ цели девет години. Тој освои бројни домашни трофеи, но и Лигата на шампионите во 2008 година.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.