Помошникот на Куман на натпреварите има само една задача (ВИДЕО)
Д М14 дек 2020

Барселона синоча со многу напор го победи Леванте со минимални 1:0.
Барселона успеа да победи во 76. минута кога на сцена стапи Лионел Меси и погоди за 1:0.
Сепак, Роналд Куман и еден од неговите помошници беа во центарот на вниманието по натпреварот.
Имено, неговиот асистент има задача да го пронајде преносот во живо од натпреварот на таблетот и веднаш по некоја прилика, гол или сомнителна ситуација, му го покажува тоа на Куман за Холанѓанецот да види што точно се случило.
Камерите успеаја и да го овековечат тоа, а што прави помошникот на Куман за време на натпреварот погледнете.
https://streamable.com/puc590
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



