Поради долг ФИФА му забрани на Партизан трансфери до 2027-ма година!
E R16 дек 2025

Светската фудбалска федерација (ФИФА) – му одреди казна на ФК Партизан за трансфери во следните три преодни рока. Казната ќе биде автоматски „симната“ доколку Управата на клубот направи исплата на долгот, како во претходните случаи за екипите кои се наоѓаат на списокот на суспендирани од страна на ФИФА.
Казната за Партизан е поради долгот од 1,3 милиони евра кон поранешниот играч Патрик Андраде. Тој за клубот од Белград во една сезона одигра 26 натпревари. Фудбалерот тужба против клубот поднесе минатата година
Дополнителен проблем за „црно-белите“ е и тоа што клубот ќе мора брзо да реагира и да биде на „нула“ за да може да добие лиценца за настап во европските купови за следната сезона.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



