Connect with us

Други спортови

Поради ќерката Мајк Тајсон потрошил дел од богатството: Приватно езеро, мал аеродром и луксузни куќи!

Еден од најголемите боксери на сите времиња, Мајк Тајсон, потроши најголем дел од својата заработка од борбата против Џејк Пол. Тајсон, за потсетување, пред два месеци ја имаше првата професионална борба по речиси 20 години. Тој беше поразен од инфлуенсер 21 година помлад од него по осум рунди и одлука на судиите. Според информациите кои стигнаа во јавноста, Тајсон од таа борба заработил 20 милиони долари, а веќе потрошил 13 милиони долари.

Решил да инвестира во недвижен имот, па купил земјиште во Палм Бич, Флорида, со површина од над 27.000 квадратни метри. На него има неколку луксузни куќи, пристап до приватно езеро и мал аеродром, како и други удобности. Тајсон го направи ова купување за своето семејство.

– Неговата ќерка игра тенис во Делреј, па тој сака да може да излета, да го гледа тенискиот меч на неговата ќерка, да се врати во авионот и да лета каде и да треба да оди. Затоа се одлучи за оваа локација – изјави Метју Машлер, агентот за недвижности на боксерот, во интервју за американските медиуми.