Поради Милер, Баерн ја крши сопствената политика
Д М31 мар 2020

Раководството на Баерн од Минхен има намера да ја прошири соработката со Томас Милер, јавуваат германските медиуми.
Милер целата кариера ја помина во Баерн и досега има одиграно повеќе од 500 натпревари во дресот на Барен, а веројатно, баварскиот гигант ќе продолжи да биде лојален и во иднина.
Иако неколку клубови се поврзуваа со неговото име во минатото, „Кикер“ пишува дека 30-годишниот напаѓач ќе остане во Баерн и дека раководството на клубот веќе подготвило нов договор.
Политиката на клубот досега беше таква што на играчите постари од 30 години не им се дава договор на долг рок, но се вели дека Милер е исклучок, а според новиот договор ќе бидат дел од Баерн до 2023 година.
Оваа сезона, Милер постигна 10 голови за Баерн и 19 асистенции.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



