Фудбал
Поради ова е отпуштен Алонсо, кавга со тројца играчи, проблемите почнале уште во октомври!
Чаби Алонсо повеќе не е тренер на Реал Мадрид, а „The Athletic“ пишува дека причината за неговото заминување се несогласувањата со клучните играчи – Винисиус Жуниор, Федерико Валверде и Џуд Белингам.
Шпанецот имаше успешен почеток со 17 победи во првите 20 натпревари, но во последниот период резултатите на екипата значително се влошија.
Наводно, проблемите започнале за време на натпреварот против Барселона во октомври 2025 година, кога Алонсо, и покрај победата, влегол во конфликт со Винисиус откако го заменил.
Бразилецот бил незадоволен од замената и одбил да се ракува со тренерот, а Реал тогаш не презел дисциплински мерки против играчот.
Алонсо, наводно, почувствувал дека ја губи контролата и дека нема поддршка од управата, додека со неговиот стил на водење и тактичките одлуки проблеми имале и Валверде и Белингам.
Англичанецот во последните две сезони имаше значајна улога во тимот, но оваа сезона се соочил со проблеми со формата и под водство на Алонсо повеќе не бил сигурен стартер во средниот ред.
Од друга страна, Валверде поради својата разновидност често играл на различни позиции, што го оддалечувало од неговата преферирана улога во средината на теренот.