Поради понудата на ПСЖ веќе ништо нема да биде исто

Францускиот гигант ПСЖ прави апсолутно се за да го задржи феноменалниот напаѓач Килијан Мбапе во своите редови и реши да му понуди нереални 150 милиони евра за двегодишно продолжување на соработката.
Килијан Мбапе е слободен играч на крајот од оваа сезона. Неговиот потпис за Реал Мадрид на големо беше објавен во шпанските медиуми, но ПСЖ никогаш не се откажа од одличниот напаѓач.
Поради 23-годишниот фудбалер, францускиот великан е подготвен да издвои навистина нереална бројка, дури 150 милиони евра за две години договор.
Така барем тврди познатиот новинар Гилем Балагу. Тој истакнува дека овие пари ПСЖ ги штедел за само две години од договорот, а тоа е цифра која не се памети во светот на фудбалот.
Од друга страна, јасно е дека Мбапе сака да замине во Реал Мадрид. Кралевите наводно му нуделе околу 30 милиони евра годишно, но Французинот се обидува преку преговори да извлече повеќе пари од тимот од Мадрид.
Бројките што се вртат околу Мбапе се навистина неверојатни и ќе биде интересно да се види каква одлука ќе донесе овој неверојатен напаѓач за продолжување на кариерата.
Извесно е дека во игра за неговиот потпис се само ПСЖ и Реал Мадрид. Одлуката не е лесна, а се треба да се реши на почетокот на летото.
Килијан Мбапе одигра 209 натпревари за парискиот тим во последните пет години и има учинок од 160 голови и 81 асистенција.



