Connect with us

Фудбал

Поради Роналдо го избра Реал пред Барселона, а потоа го доживеа најлошиот момент во кариерата

Винисиус Јуниор игра во фантастична форма оваа сезона и е еден од најдобрите играчи на Реал Мадрид.

Бразилецот во кралскиот клуб пристигна пред три години за цели 45 милиони евра од Фламенго. Многумина мислеа дека тоа се премногу пари за еден тинејџер, но во Реал беа сигурни дека ги доведуваат вистинските засилувања.

Винисиус во првите сезони не оставаше најдобар впечаток, поради што се повеќе се шпекулираше дека Реал Мадрид направи голема грешка со неговото доведување.

Сепак, Бразилецот оваа сезона ги замолчи сите бидејќи игра во фантастична форма. 21-годишниот фудбалер одигра 17 натпревари во досегашниот тек од сезоната и веќе постигна десет гола и додаде уште седум асистенции.

Но, интересно е што Винисиус првпат се договорил со Барселона пред три години, но после тоа се предомислил и решил да потпише за Реал Мадрид.

Ова беше откриено пред само неколку месеци кога Жерар Пике зборуваше за тоа пред „Ел Класико“ на Камп Ноу. На навивачите на Барселона не им се допадна тоа што го направи Винисиус и го навредуваа од трибините на натпреварот против Реал Мадрид, што многу му пречеше.

Тој во интервју за шпанските медиуми откри дека секогаш ги сакал Реал Мадрид и Кристијано Роналдо, поради што на крајот ги избрал Кралевите.

„Факт е дека Реал Мадрид и Барселона беа заинтересирани за мене и на крајот решив да го изберам најдобриот спортски клуб во светот. Отсекогаш сум ги сакал Реал и Кристијано Роналдо“, изјави Винисиус, алудирајќи на навредите што ги добиваше во Барселона.

“Добив расистички навреди на Камп Ноу кога неодамна игравме „Ел Класико“. Тоа е многу грдо и никогаш не смее да се повтори. Бев изненаден бидејќи тоа не се случило порано. Еден од најлошите моменти во мојата кариера за мене”.

Реклама

Facebook

Реклама