Поврзи се со нас

Фудбал

Поради Роналдо, вработените во хотелот во Сплит добија специјални упатства

Хрватска и Португалија се среќаваат вечерва во Сплит во натпревар од Лигата на нации.

Португалците славеа со 4:1 на првиот натпревар, па Хрватска сака да се одмазди, но како што играат во последно време – прашање е дали можат да го сторат тоа. Доколку не победи, на Хрватска и се заканува испаѓање во Б лигата на Лигата на нации.

Кристијано Роналдо исто така пристигна во Сплит, а хрватските медиуми открија дека големата sвезда имала посебни барања во хотелот.

Меѓу другото, хотелот во Сплит доби список со упатства со правила на однесување, вработените ќе мора да потпишат договори за приватност, и во никој случај не можат и не смеат да контактираат со играчите.

Протоколот беше многу строг по пристигнувањето на аеродромот. Португалците беа пречекани од полициска придружба, а Роналдо последен излезе од авионот придружуван од телохранител.

Тој исто така имал посебен „третман“ во хотел во Сплит. Меѓу другото, во хотелскиот ресторан беа поставени специјални завеси за да се спречат минувачите да гледаат португалски познати играчи, а полицајците беа во нивна непосредна близина за секој случај.

loading...

Facebook