Пораката на Меси до Аргентинците: Ова е вистинската одлука, не го заборавив Диего кој ни помогна од небото

„Вчера беше мојот последен натпревар и веќе ми недостасува облекувањето на дресот ‘албиселесте’. Знам дека ја носам вистинската одлука. Беше извонреден пат, полн со радост и малку тага, но знам дека секој чекор што го направив вредеше.“
Така Лео Меси го започнува својот статус на социјалните мрежи упатен до аргентинскиот народ по збогувањето со националниот тим. „Има уште многу за да се каже,“ додаде тој.
„Невозможно е за мене да изразам сè што чувствувам со зборови или во еден пост. Овој пат немаше да биде возможен без моето семејство, кое секогаш беше покрај мене и ми пружи поддршка, особено во тешките моменти кога имав најголема потреба“, рече Меси.
Понатаму, тој додаде: „Моите пријатели, како и сите соиграчи и тренерите што ги имав, беа од суштинско значење. Не сакам да го заборавам Диего, кој го однесе нашиот народ таму каде што заслужуваше и ни помогна, дури и од небото, во секој чекор што го направивме.“
„Им се заблагодарувам на клубовите за кои играв, кои секогаш ги почитуваа моите чувства и ме пуштаа да се посветам на нашата земја секогаш кога стануваше збор за носење на дресот на репрезентацијата“, рече тој.
„Се разбира, му благодарам на Бог: без неговото водство и волјата, не би се осмелиле ниту да сонуваме дека ќе стигнеме толку далеку. Ви благодарам многу на сите; ќе ми недостасувате и секогаш ќе бидам благодарен што бевте покрај нас, покрај мене“, заврши Меси.



