SportM
Фудбал

Пораката на Пјаниќ ќе ги воодушеви навивачите на Јувентус

Д М29 окт 2020
Пораката на Пјаниќ ќе ги воодушеви навивачите на Јувентус

Во 2. коло од Лигата на шампионите, Барселона го победи Јувентус во Торино.

Барселона славеше со резултат 2:0, а за шпанскиот клуб од првата минута играше и босанскиот репрезентативец Миралем Пјаниќ.

Тоа беше посебен натпревар за Пјаниќ, имајќи предвид дека пред неколку месеци тој го замени дресот на Јувентус со оној на Барселона.

Утрото по натпреварот, играчот за врска на Барселона се огласи на социјалните мрежи, а неговата порака сигурно ќе им се допадне на навивачите на Јувентус.

“Судбината може да биде толку дрска што веднаш ве става пред она што штотуку го оставивте. Беше убаво да се вратам, никогаш нема да престанам да ви се заблагодарувам”, напиша Пјаниќ.

Да потсетиме, по две одиграни кола, Барселона е на врвот на табелата во групата Г со шест бода, додека Јувентус е на второто место со три бода.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.