Connect with us

Фудбал

Пораката на синот на Марадона за смртта на неговиот татко

Синот на Диего Армандо Марадона не можеше да отпатува на погребот на неговиот татко бидејќи беше позитивен на КОВИД-19.

Тој објави видео со порака за да се збогува со легендата на Наполи, кој беше погребан денеска.

Диего Марадона јуниор е роден во 1986 година, но од Марадона беше признат дури во 2007 година.

Тој беше позитивен на почетокот на ноември и не можеше да се збогува и да го закопа својот татко одблизу, тоа го стори преку социјалните мрежи.

„Би сакал да го поминам овој ден поинаку, да се забавувам и да ги заборавам тешките моменти неколку часа“, напиша тој на Инстаграм.

„Сега се најдов многу далеку од тебе, се надевам дека ќе се насмееш и секогаш ќе бидеш среќен.“

Синот на Марадона деновиве беше активен со објавувања на instastory.

„Капетанот на срцето никогаш нема да умре“, тој веднаш по неговата смрт на 25 ноември.

Диего Јуниор направи и фото-објава од играчи на Наполи, во чест на легендата Марадона.

„Сакајте го и заштитете го вашиот дрес како да е вашата втора кожа. Тоа е вечен дрес, дрес на татко ми“. 

Facebook