SportM
Фудбал

Поранешен потпретседател на Барса: Не знам дали Меси ќе го продолжи договорот со Барселона

Д М12 фев 2020
Поранешен потпретседател на Барса: Не знам дали Меси ќе го продолжи договорот со Барселона

Поранешниот потпретседател на Барселона, Жорди Местре не е сигурен дали Лионел Меси ќе го продолжи договорот со каталонскиот клуб, покрај гласините за негово заминување на крајот на сезоната.

Јавната расправија помеѓу спортскиот директор на Барселона, Ерик Абидал и Меси предизвика гласини дека Аргентинецот би можел да го напушти „Камп Ноу“ во текот на летото.

Клаузула во неговиот договор со шпанскиот шампион му дозволува на Меси да замине како слободен агент кога сака.

Неодамнешните настани ги разгореа гласините дека Меси би можел да се пресели во Манчестер Сити, ПСЖ, Јувентус, Манчестер Јунајтед или Интер.

Меси има договор со Барса до 2021 година и сè уште не започнал разговори за негово продолжување.

„Немам идеја дали тој ќе го продолжи договорот“, изјави Местре за радио „МАРКА“.

„Неговиот татко зборува за продолжување. Јас секогаш ги почитувам контактите со играчите. Јас само интервенирав кога дојде време да разговараме“

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.