Поранешна парагвајска sвезда: Марадона не освои ниту 1% од она што го освои Меси

Жозе Луис Чилаверт, поранешниот голман на Парагвај, инсистира на тоа дека споредбата помеѓу Лионел Меси и Диего Марадона не треба воопшто да биде дискутабилна, затоа што, според него, Меси е значително подобар од неговиот сонародник.
Поранешната ѕвезда на Аргентина и Наполи, Марадона, според Чилаверт, нема освоено ниту еден процент од трофеите освоени од капитенот на Барселона, Меси.
Но, успехот на Марадона на Светскиот куп честопати се смета здраво за готово дека тој е подобар од Меси.
Сепак, Чилаверт вели дека Меси зборува сам за себе.
„Меси е најдобриот играч на планетата без сомнение“, изјави Чилаверт за Радио Ривававија.
„Марадона не освои ниту еден процент од она што го освои Меси. Аргентинците треба да му се заблагодарат на Меси за изборот на Аргентина [не Шпанија]. Задоволство е да го гледам како игра “, додаде тој.



