SportM
Фудбал

Поранешната sвезда на Барселона ја напушти Саудиска Арабија поради „вонредни околности“

Д М20 сеп 2021
Поранешната sвезда на Барселона ја напушти Саудиска Арабија поради „вонредни околности“

Паулињо се откажа од големиот договор со Ал Ахли и повеќе не е член на овој тим.

Пред педесетина дена поранешниот бразилски репрезентативец пристигна во Саудиска Арабија како големо засилување. Го пречекаа како крал, но сето тоа траеше многу кратко.

Ал Ахли објави дека договорот со Паулињо бил раскинат поради „вонредни околности“, но причината за прекин на соработката не била прецизно дефинирана.

Паулињо одигра само четири натпревари за неговиот сега веќе поранешен тим и постигна два гола.

Бразилските медиуми пренесуваат дека 33-годишниот играч од средниот ред има приватни проблеми. Договорот на Паулињо со овој тим вредеше околу 10 милиони евра, а сега ќе биде интересно да се види каде ќе ја продолжи кариерата.

Медиумите во Бразил се убедени дека тој се враќа дома, и дека единственото прашање е за кој клуб ќе игра.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.