SportM
Фудбал

Поранешниот голгетер на Баерн смета дека Халанд ќе го надмине Левандовски

Д М4 дек 2021
Поранешниот голгетер на Баерн смета дека Халанд ќе го надмине Левандовски

Поранешниот напаѓач на Баерн, Клаудио Пизаро спореди две големи бундеслигашки ѕвезди – Ерлинг Халанд и Роберт Левандовски.

Левандовски постави многу рекорди во Бундеслигата и моментално е втор најдобар играч во светот, а Халанд е некој со одлична кариера и перспективна иднина пред него.

Во пресрет на дербито меѓу Борусија и Баерн кое се игра денеска, поранешниот напаѓач на Баварците направи споредба на двајцата најатрактивни играчи во Бундеслигата во моментов.

“Ерлинг во иднина би можел да го надмине Левандовски, но во голема мера ќе зависи од тоа дали е здрав. Исто така, важно е каде ќе игра. Неговите вештини се неверојатни, исто така неговата сила, менталитет… Можеби Роберт има нешто подобра техника. но Ерлинг може да го надомести тоа со сила. Ќе видиме што ќе покаже следната сезона. Но, Халанд може да биде брилијантен фудбалер и стрелец“, изјави Пизаро.

Тој го коментираше и неодамнешниот избор за Златната топка во кој Лионел Меси победи пред полскиот репрезентативец.

“Бев малку разочаран. Се надевав дека Роберт ќе ја добие Златната топка, затоа што ја заслужува. Не можеме да ја намалиме вредноста на Меси, но според мене Роберт ја заслужи наградата. Можеби ќе ја добие за една година. “, рече Перуанецот.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.