Поранешниот напаѓач на Ливерпул стана свештеник
Редакција5 јул 2024

Поранешниот напаѓач на Ливерпул – Бразилецот Роберто Фирмино, отвори нова страница во својот живот и стана евангелистички свештеник.
Церемонијата во црквата Мана во родниот град на Фирмино, Мацеио се одржа минатата недела. Станува збор за црква што Фирмино ја изградил заедно со неговата сопруга Лариса Переира и неколку други пастири.
Датумот не е случајно избран и осветувањето се случи точно три години по отворањето на црквата.
“Три години и една незаборавна ноќ. Откако го запознавме Христос, сакаме луѓето да знаат за оваа љубов. Сега ќе имам друга одговорност, ќе бидам свештеник”, објави 32-годишниот напаѓач.
Фирмино моментално е фудбалер на Ал Ахли од Саудиска Арабија, каде што се приклучи по ѕвездениот период на Енфилд.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



