Поранешниот тренер на Челзи обвинет за се*суално вознемирување од повеќе жени

Скандалите немаат крај во светот на фудбалот. Настаните кои еден по друг се објавуваат во јавноста и кои ги изненадуваат сите љубители на спортот.
Поранешниот тренер на Челзи, Аврам Грант е обвинет за се*суално вознемирување од повеќе жени, според истрагата на израелскиот телевизиски канал 12. Оваа телевизија емитуваше долга серија сведоштва против поранешниот тренер на Челзи.
Интервјуираните жени го обвинија Грант дека се обидел од неговата позиција да ги убеди да имаат се*с бидејќи тоа ќе им помогне подоцна во нивните кариери.
Една 22-годишна девојка, како што јави Тајмс оф Израел, изјавила дека тренерот ја поканил во неговиот стан, каде што се случило се*суалното вознемирување.
Грант не ги отфрла обвинувањата, но изјави дека немал намера да повреди никого.
„Во мојот живот, во личен и во професионален аспект, секогаш сум давал приоритет на тоа да останам човек кој ги почитува сите мажи и жени. Јас сум човек од народот, човек со пријателства и во текот на годините останав пријател со многу жени. Секогаш сум се обидувал да се однесувам со почит, и тие кои се чувствувале неудобно или биле повредени од мене, жалам за тоа и се извинувам“, изјавил Грант.
Се чини дека Грант би можел да отслужи и затворска казна доколку се докажат наводите за сексуално вознемирување.



