Connect with us

Ракомет

Португалија ја совлада Данска, крај за Македонија на ЕП

Ракометарите на Португалија го приредија најголемото изненадување на Европското првенство, откако вечерва во Хернинг го совладаа домаќинот Данска со 31:29 (12:11) во завршниот натпревар од групата Б, со што двете селекции се пласираа во главната фаза, а македонската репрезентација како третопласирана во групата го заврши настапот на континенталниот турнир.

Во увертира на последниот натпревар од групата Б, македонските ракометари претходно вечерава ја совладаа Романија со 24:23 и за пласман во следната рунда се надеваа на победата на Данска од најмалку 18 голови разика, но сето тоа падна во вода.

Македонската ракометари го завршија настапот на Европското првенство како третопласирана во групата Б, со една победа (Романија 24-23), едно реми (Португалија 29-29) и пораз од Данска (36-24).