„Посакувам Гонзало повторно да игра во дресот на Ривер Плата“

Аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин покажа дека заслужува место во Јувентус иако овој клуб направи сè за да го продаде пред почетокот на сезоната.
Сепак, Маурицио Сари веруваше дека Игуаин може да му помогне на тимот, а аргентинскиот напаѓач со своите голови му се оддолжи на најдобар начин. Неодамна, се појавија дури и шпекулации дека Игуаин веќе ќе го напушти Јуве во јануари и ќе се врати во Ривер Плата, од каде што започна.
Игуаин го привлече вниманието на многу клубови додека беше во Ривер, а по одличните игри во аргентинскиот гигант, во почетокот на 2007 година, тој беше купен од Реал Мадрид за 12 милиони евра.
Иако Ривер Плата е секогаш негов главен приоритет, Игуаин неодамна изјави дека сè уште не размислува да се врати во Аргентина. Тој изјави дека сигурно ќе игра повторно во Ривер, но дека планира да остане во Европа уште неколку сезони.
Ова особено го израдува неговиот татко, Хорхе, кој изјави дека е сон целото семејство да се врати Гонзало еден ден во Монументал.
„Гонзало има уште две години договор со Јувентус, но тој никогаш не ја затвори вратата во Ривер. Моите деца пораснаа во тој клуб и како татко јас би сакал да се вратам. Тие се професионалци и не можам да ги натерам да го сторат тоа, но посакувам Гонзало еден ден повторно да игра во дресот на Ривер“, изјави таткото на Игуаин.



