Последниот натпревар од германскиот куп, ќе се игра без публика

Финалето на германскиот куп ќе се игра пред празни трибини, објави Фудбалскиот сојуз на Германија.
Иако се очекуваше финалниот натпревар од германскиот куп да се одигра пред одреден број гледачи, дефинитивно нема да има ништо од тоа.
Финалниот натпревар е закажан за 13 мај во Берлин, а Фудбалскиот сојуз на Германија изјави дека е невозможно да се организира натпревар со навивачите поради епидемиолошките мерки што важат во Германија.
Така, всушност, пандемијата на коронавирусот оствари уште една победа над фудбалот, но најважно е да нема прекин на сезоната како што беше минатата година.
Инаку, во првото полуфинале од Купот на Германија, Вердер и Лајпциг ќе ги одмерат силите на 30 април, додека еден ден подоцна Борусија Дортмунд и Кил ќе се сретнат во вториот полуфинален натпревар.



