SportM
Фудбал

Постариот брат на Пол Погба конечно пронајде клуб

Д М18 мај 2020
Постариот брат на Пол Погба конечно пронајде клуб

Постариот брат на многу познатиот Пол Погба, Флорентин, зад себе има многу пристојна фудбалска кариера.

Долго играше за Сент Етјен, но веднаш по напуштањето на овој француски клуб, кариерата на Флорентино зазеде надолна, „хаотична“ траекторија.

Тој кратко го носеше дресот на турскиот Генслербирлиги, паузираше од летото 2018 до февруари 2019 година, а потоа потпиша за Атланта Јунајтед (МЛС).

На 1. јануари годинава истече договорот на 29-годишниот дефанзивец со Атланта Јунајтед и од тогаш е без клуб.

Сепак, тој конечно најде нов ангажман.

Францускиот клуб за втора лига Сошо, денес објави дека е потпишан тригодишен договор со Флорентино Погба, кој ќе стапи на сила на 1 јули.

Сепак, Погба нема да го почека први јули за официјално да биде претставен во новиот тим. Дефанзивецот веќе ги помина медицински прегледи и ќе биде претставен следната недела.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.