SportM
Фудбал

Постигна 31 гол, но не го сакаат во Интер: „Веројатно заминува…“

Д М28 ное 2019
Постигна 31 гол, но не го сакаат во Интер: „Веројатно заминува…“

Во Интер, тие немаат намера да го вратат Габриел Барбоса, попознат како Габигол, и покрај некои одлични игри во Фламенго.

Нероаѕурите Габигол го доведоа во 2016 година со надеж дека ќе биде нова sвезда, но на „Меаца“ овој фудбалер никогаш не се приближи и беше принуден претходната сезона да ја помине на позајмица.

Габигол се врати во Бразил и, се испоставува, направи одличен потег. Покрај тоа што Фламенго го освои Копа Либартадорес благодарение на него, младиот фудбалер постигна и 31 погодок на 38 настапи, но сепак, ваквата статистика нема да биде доволна за тој да се врати во Интер.

Медиумите во Италија во последниве денови шпекулираат дека Интер има намера да го продаде Габиголо и да ги користи парите за звучен трансфер, а ваквото сценарио го најави спортскиот директор на клубот, Џузепе Марота.

 
„Неговиот заем истекува во декември. Потоа, ние внимателно ќе процениме што и како понатаму. Тој, како играч сигурно може да напредува уште, но малку е веројатно дека ќе биде дел од нашиот проект. Тој има многу понуди и во договор со него ние ќе го избереме она што е најдобро за двете страни“. рече Марота.

Кристал Палас се споменува како еден од заинтересираните клубови.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.