Постигна гол во своето деби на Театарот на соништата, а потоа излезе на вечера со пријателите и ги воодушеви навивачите на Јунајтед

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед вчера го победија Арсенал со 3:1 во дербито од шестото коло на Премер лигата.
По двата тешки порази на стартот од Премиершип, фудбалерите на Манчестер Јунајтед се вратија во вистинската форма и вчера против Арсенал ја забележаа четвртата победа во низа и дојдоа на врвот на табелата.
По пет последователни победи, Арсенал првпат беше поразен во новата сезона, но „топчиите“ останаа на првото место на табелата во Премиершип со 15 бодови.
Во вчерашната победа против Арсенал, дебитираше бразилскиот репрезентативец Антони, кој минатата недела пристигна од Ајакс за цели 100 милиони евра, но покажа дека ќе биде големо засилување за Манчестер Јунајтед.
Каков играч е Антони најдобро покажа во 35. минута кога постигна гол за 1:0 по асистенција на Маркус Рашфорд.
Ентони не можеше да замисли подобро деби на „Олд Трафорд“, а кога ја напушти играта во 58. минута, доби овации од навивачите на неговиот нов клуб.
Бразилецот и по мечот беше во центарот на вниманието бидејќи синоќа реши да излезе на вечера со пријателите, а секако тоа не го пропуштија англиските таблоиди.
Антони веднаш бил забележан на улиците на Манчестер бидејќи ги носел и ознаките на својот клуб, а кога видел дека го фотографираат, неговата реакција ги воодушевила навивачите на Јунајтед и покажала колку му значи победата.
Тој не го криеше воодушевувањето затоа што Манчестер Јунајтед победи во дербито, а особено затоа што успеа да постигне гол во дебито во Театарот на соништата. Овие фотографии покажуваат колку бил среќен.




