SportM
Фудбал

Потер останува тренер на Челзи

Д М20 фев 2023
Потер останува тренер на Челзи

Раководството на Челзи му даде поддршка на тренерот Грахам Потер и покрај слабата форма и резултатската криза во која се наоѓа лондонскиот премиерлигаш, објавија денеска британските медиуми.

Челзи само два пати победи на последните 14 натпревари во сите конкуренции, а во саботата претрпе пораз (0-1) на домашен терен од последно пласираниот Саутемптон.

Потер седна на клупата на Челзи во септември кога потпиша петгодишен договор, а британскиот сервис Би-Би-Си наведува дека клупското раководството предводено од американскиот милијардер Тод Боли гледа на неговиот ангажман како на долгорочен проект.

Размислувањата во Челзи се дека на екипата ѝ е потребна шанса да се опорави по реконструкцијата на тимот во која беа потрошени 583 милиони фунти и ангажирањето на осум нови фудбалери во јануари.

На иднината на Потер во редовите на Челзи нема да влијаат годинашниве резултати во Лигата на шампиони или способноста на екипата да се квалификува за европските натпреварувања во следната сезона, наведува Би-Си-Си.

Според истиот извор, иако резултатот против Саутемптон не е доволно добар, раководството верува дека постојат охрабрувачки знаци во клубот.

Челзи во моментов е пласиран на 10. место на табелата, а во следниот натпревар, в недела, ќе игра против градскиот ривал Тотенхем.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.