SportM
Фудбал

Потврда за заминувањето на креаторот на моќниот Ливерпул: „Беше големо задоволство“

Д М10 ное 2021
Потврда за заминувањето на креаторот на моќниот Ливерпул: „Беше големо задоволство“

Англискиот гигант Ливерпул денеска потврди дека Мајкл Едвардс (42) ќе ја напушти функцијата спортски директор на крајот од сезоната.

По 10 години поминати на „Енфилд“, 42-годишниот фудбалер одлучи да го напушти клубот, а многумина веруваат дека тој е заслужен за создавањето на моќниот Ливерпул во претходните години.

Едвардс се прости од Ливерпул и навивачите на овој клуб со писмо во кое го истакнува своето големо задоволство од сето она што е направено во претходната деценија.

„Тоа беше привилегија за мене и имав голема чест да работам во овие успешни времиња за клубот“, рече Едвардс и продолжи:

„Отсекогаш беше план да останам во клубот максимум 10 години. Сакав да работам овде, но навистина верувам во промени. Мислам дека дојде вистинското време за тоа. Сменивме многу работи во текот на минатото, но новите луѓе носат нови идеи и се надевам дека ќе изградат нешто ново“, рече Едвардс.

Улогата на спортски директор на „црвените“ ќе ја преземе неговиот помошник Џулијан Вард (40), а Едвардс веќе е поврзан со најбогатиот тим во светот, Њукасл.

За време на неговиот престој на „Енфилд“, Едвардс направи голем број врвни потези, со што доведе играчи како Мохамед Салах, Вирџил ван Дајк, Алисон, Сејди Мане и многу други.

Многумина го сметаат за најдобар спортски директор во светот на фудбалот во моментов и извесно е дека неговото заминување ќе има големо влијание врз Ливерпул.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.