SportM
Фудбал

Потврдено – Барса дефинитивно ослабена на „Ел Класико“

Д М25 окт 2023
Потврдено – Барса дефинитивно ослабена на „Ел Класико“

Барселона ќе биде значително ослабена на саботното Ел Класико, беше потврдено денеска.

Играчот од средниот ред Педри беше во трка со времето за да биде подготвен да им се придружи на соиграчите на тренинзите оваа недела, но тоа не е така.

Педри ќе го продолжи опоравувањето, два месеци е надвор од терените и во најдобар случај ќе биде подготвен за гостувањето кај Реал Сосиедад на 4 ноември.

Чави се надева дека Роберт Левандовски и Рафиња ќе добијат зелено светло за враќање на терените во петок, ден пред натпреварот со Реал.

Дербито со Реал сигурно ќе го пропуштат Жил Кунде, Френки де Јонг и Серхи Роберто. Затоа се очекува средниот ред да го сочинуваат – Ориол Ромеу, Илкај Гундоган и Гави.

Натпреварот Барселона – Реал Мадрид е закажан за в сабота од 16 часот и 15 минути.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.