Повредата на Џошуа Кимих не навестува добро
Д М7 ное 2020

Џошуа Кимих се повреди денеска на натпреварот на Баерн против Борусија во Дортмунд.
Кимих се обиде да го запре контранападот на домашниот тим, но не заврши добро бидејќи се повреди при стартот над Ерлинг Халанд.
Одличниот фудбалер со солзи го напушти теренот, а пристигнаа и првите информации за неговата повреда. Според Билд, Кимих се здобил со повреда на страничниот лигамент на коленото.
Сепак, сè уште не е познато дали лигаментите пукнале. Ова ќе се знае по деталните прегледи и ќе се знае колку Кимих ќе паузира.
Неговата повреда секако е голем проблем за Баерн затоа што Кимих е еден од најважните играчи во тимот.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



